За нас

Вардар Филм Скопје

Вардар Филм е првата филмска продукциска куќа во Македонија, формирана во 1947 година. Во период од скоро пет децении – во ерата на целулоидната филмска лента, под ова лого беа снимени неповторливи остварувања, а сега веќе филмски класици.

Старата технологија која не се ограничуваше само на “1” и “0”, неизбежно влијаеше и на креативниот израз – филмските автори и работници во минатото имале поинаков пристап кон филмскиот кадар, а тоа се приметува во искреноста и неповторливоста на сцените.

Денес Вардар Филм претставува место каде што филмските продукции можат да добијат техничка поддршка при изработката на своите проекти, продукциски простории, костими, реквизити или филмски возила. Во установата постои и мало кино со 45 седишта наменето за тест проекции.

Превземања

Програма 2020-2025

Контакт

НУ Филмски центар „Вардар филм – Скопје“
8-ми Март бр.4
Северна Македонија
Телефон: 02 511 5540
Е-пошта: info@vardarfilm.mk

© 2020 Национална установа  Филмски центар „Вардар Филм – Скопје“
Сите права се задржани.