Недела на Македонски филм во Косово

Published by НУФЦ Вардар Филм Скопје on

Со проекција на фимот СРЕЌНА НОВА ’49 на Столе Попов, на 02.12.2019 (понеделник) во киното „АБЦ“ во Приштина започна Неделата на македонски филм.

На Универзитетот за уметности во Приштина, гостуваше македонскиот актер Мето Јовановски, чија улога на Драгослав во СРЕЌНА НОВА ’49 е една од незаборавните во неговиот богат филмски опус.

На Неделата на македонски филм, што ќе трае трае до 7 декември, ќе бидат прикажани и ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски, ИСЦЕЛИТЕЛ на Ѓорче Ставрески, ЛАЗАР на Светозар Ристовски, МЕДЕНА НОЌ на Иво Трајков и ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И Е ПЕТРУНИЈА на Теона Стругар Митевска.

На отворањето на Неделата на македонски филм на присутните им се обратија директорите на Кинотека, Владимир Ангелов, и на НУФЦ„Вардар филм“, Насер Цури.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *