Директорот на НУФЦ Вардар филм-Скопје, Насер Цури, гостуваше во емисијата „Гламур„ на МТВ2

Published by НУФЦ Вардар Филм Скопје on

Директорот на НУФЦ Вардар филм-Скопје, Насер Цури во текот на вчерашниот ден беше гостин на емисијата „Гламур„ на МТВ2 каде зборуваше за Националната Установа Вардар филм-Скопје од нејзиното формирање па се до денес. Директорот Цури зборуваше и за активностите што ги реализира нашата институција во изминатата година како и за проектот „Тајните филмски архиви на градот„ кој моментално е во припрема и својата проекција ке ја има на 13.11.2019 во 18:00 часот во Кинотеката на Северна Македонија